Утрински Весник
Спорт

ММА: Само во Русија – култниот Зулузињо со брутален удар, но и со пораз на поени

ММА: Само во Русија – култниот Зулузињо со брутален удар, но и со пораз на поени

Како и секогаш, од Русија ни доаѓаат најлудите ММА борби, а овојпат на сцена е бразилскиот култен фајтер Зулизињо, кој во минатото се бореше со имиња како Федор Емелианенко, а сега влезе во кафезот првпат од 2019 против Русинот Јусуп Шуаев и не помина најдобро.

42-годишната „планина“ успеа да го „закачи“ Шуаев со фантастичен удар при крајот на првата рунда, пред да почне да се радува дека го добил мечот. Меѓутоа, тоа не беше така – судијата го прекина мечот поради крајот на рундата. Потоа Шуаев се созеде во паузата и го доби мечот на поени.

Последната посета на Зулузињо, со вистинско име Вагнер да Консеисао Мартинс, на Русија беше во април минатата година кога присуствуваше на уште побизарен меч против шампионот во удирање шамари, Василиј Хамотскиј, кој заврши со реми.

View this post on Instagram

A post shared by ZULUZINHO • Wagner Martins (@zuluzinho.martins)

Рускиот шампион во шамарање VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска „пресметка“ (.)

> ММА: Само во Русија – култниот Зулузињо со брутален удар, но и со пораз на поени <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига