Утрински Весник
Македонија

Млади без претходни болести умираат од тромбови како последица на Ковид-19

Beb7f1dd 9e30 415e Bacb Ab7857691afd

Преполни болнички капацитети, млади умираат од Ковид-19 без претходни коморбидитети. Последните два дена згаснаа три млади животи на возраст од 23, 24 и 29 години поради компликации од вирусот. Откачување на тромб е причината за едниот смртен случај каде не биле регистрирани други хронични заболувања. Третиот бран е многу поопасен од номеврискиот предупредуваат лекарите и во третман на болните се мобилизирани речиси сите вработени од здравствениот систем. За разлика од лани, статистиката покажува дека сега многу поголем број од заразените имаат потреба од хоспитализација. Расте бројот на деца со корона кои завршуваат на детска клиника а со многу потешка клиничка слика се и трудниците. Во моментот дури три родилки се на апарати на КАРИЛ и во ГОБ 8-ми Септември поради сериозни компликации од вирусот по породувањето. Од ГАК велат нема простор за паника кај оние што чекаат бебе, но предупредуваат на внимателност и почитување на мерките за заштита.

– Имаме 7 позитивни трудници во моментот на ГАК. Мора да кажам дека трудниците мора да внимаваат бидејќи сега се со многу потешка клиничка слика за рзлика од порано и треба да внимаваат. Имаме три каде поради влошување на коагулацијата со тромб во мозокот се на КАРИЛ и во ГОБ 8-ми Септември, вели Д-р. Викторија Јовановска, директор на ГАК.

Дека состојбата е веќе критична покажуваат и бројките на хоспитализирани во едно деноноќие. Вчера во Скопје имало 81 пациент кој завршил во ковид центрите, а слободни места има 70. По траума и пластична ослободување на капациентите за ковид пациенти подготвуваат и на урологија, а на стенд бај е и психијатрија. Полно е во ГОБ 8-ми Септември а на прсти се бројат слободните кревети во детската болница во Козле.

Критично е и низ болничките капацитети низ државата. Во штипската болница веќе нема место, а модуларната болница очекуваат да профункционира наредната недела. Пациентите од истокот одат во кочанската здравствена установа. Алармантно е и во Прилеп, Битола и Охрид.

Денешната статистика покажува дека во земјата на болничко лекување има 1448 лица.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја