Утрински Весник
Македонија

Младите охриѓани викендов ги чистea плажите во рамките на проектот „Чисто езеро-светла иднина“

Викендов во Охрид се одржа голема еко-акција за чистење на крајбрежјето на Охридското езеро. На повеќе плажи младите од Охрид, помогнати од волонтерите од „Црвен крст“- Охрид, собираа најразличен отпад во рамките на проектот „Чисто езеро-светла иднина“ кој се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

dobivaj vesti na viber

Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека ова е четврта акција за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското езеро.

„ Интересот кај младите за да се вклучат во акцијата е голем. Изминатиов месец на повеќе локации се собираше отпадот а беше спроведека и креативна акција „Не фрљај ѓубре смрдиТ“ на која преку типичен охридски дијалект беа изработени транспаренти со еколошки пораки за заштита на Охридското езеро. Целта пред се е подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемена заштита на Охридското езеро и крајбрежјето“ , велат од „Нова порта“

Оттаму додаваат дека вакви акции се исклучително потребни оти едукацијата и практичните примери се најважни во борбата за заштита на животната средина.

Претходно во рамките на проектот се реализира и подводно чистење на езерото од страна на професионални нуркачи а собраниот отпад беше презентиран пред младите на кој им беше потенцирана штетноста врз ендемичниот свет, кој милиони години живее во Охридското Езеро.

„ Најмалите преку вакви акции осознаваат за значењето на здравата животна средина. Во таа насока се организираа и едукативни еко-работилници како и еко-акција заедно со нуркачите за расчистување на дното на езерото“, велат од невладината „Нова Порта“.

За подигнување на еколошката свест во рамките на проектот ќе биде изработен и видео спот преку кој младите ќе испратат силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина а исчистените плажи ќе бидат обележани со еко-знамиња како еколошко-чисти плажи.

Можете да прочитате

АРМ во акција за гаснење на пожар: Испуштени 45 тони вода на најкритичните жаришта (ФОТО)

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Ангелов: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење