Утрински Весник
Спорт

Мијатовиќ: Јовиќ не е подготвен да успее во Реал

Мијатовиќ: Со Роналдо, Реал би освоил на „Камп Ноу“

Мадрид, 11 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го сподели своето мислење за играта на Лука Јовиќ за тимот.

– Би сакал да зборувам за талентот на Јовиќ или неговите цели, но сега тоа не е можно. Лука дојде во Реал Мадрид по импресивната сезона во Ајнтрахт (Франкфурт), но тој не беше многу забележлив. Тој изгледа дека не ја сфати идејата за успех во Реал. Тој не е 100 отсто концентриран, тој не е подготвен да успее, изјави Мијатовиќ за „гол.ком“.

Јовиќ се пресели во Реал од Ајнтрахт летото 2019 година за 60 милиони евра. 22-годишниот Србин забележа 24 натпревари, постигна 2 гола и даде 2 асистенции.

Во моментот, тој се опоравува од повреда и тешко дека ќе се врати наскоро.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство