Утрински Весник
Македонија

Мијалков развил симптоми на коронавирус, неговата сопруга има позитивен тест

Мијалков развил симптоми на коронавирус, неговата сопруга има позитивен тест

Судењето за случајот „Таргет -Тврдина“ денеска е одложено бидејќи обвинетиот Сашо Мијалков развил симптоми на Ковид-19.

Неговиот адвокат Љупчо Шврговски, во судницата рече дека синоќа бил известен од Мијалков дека неговата сопруга Ана Мијалкова е позитивна на тестот на коронавирус.

Мијалков денеска ќе биде тестиран, а резултатите потоа ќе бидат доставени до судот.

Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај Милајков обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија