Мишел Фајфер се нарече себеси „голем фан “ на Бритни Спирс откако пејачката сподели видео во кое таа глуми жена-мачка во филмот „Бетмен се враќа“.
Актерката Мишел Фајфер одговори на видеото што го сподели Бритни Спирс на својот Инстаграм-профил.
Поп-ѕвездата (40) минатата недела сподели видеоклип на кој се гледа актерката од блокбастерот „Бетмен се враќа“ од 1992 година и напиша долг опис за да го изрази своето воодушевување од актерката.
Мишел потоа остави коментар на објавата: „Леле Бритни! Ти благодарам за прекрасниот комплимент – јас сум голем фан.’
Бритни ја сподели култната сцена на која холивудската актерка е во костумот на Catwoman и откри дека мисли дека Мишел најдобро го портретира ликот жена-мачка.
Бритни понатаму во описот објаснува: „Имаше повеќе ѕвезди кои стапнаа во чевлите на Catwoman, но, искрено, мислам дека ниту една друга актерка не може ниту да ѝ да се приближи, конкретно во таа сцена“.