Мишел Фајфер има две деца – Клодија (28) и Џон (26) – со сопругот Дејвид Е. Кели, и откри дека ѝ биле нудени помалку улоги откако се породила бидејќи за Холивуд било предизвик да се вклопи во нејзиниот распоред.
„Пред да се родат децата, мојата работа беше мојот живот – и тоа на добар начин. Кога беа мали, можев само да ги спакувам и да ги носам со себе,“ вели актерката.
„Но, кога почнаа да одат во училиште стана покомплицирано затоа што не сакав да ги вадам од нивната рутина, па затоа снимав во лето и се обидував да не бидам далеку од нив повеќе од две или три недели.“
„Стана предизвик луѓето да ме ангажираат затоа што беше премногу комплицирано. Полесно беше да најдат некој друг да ја заврши работата.“
Мишел направи петгодишна пауза од Холивуд во периодот од 2012 до 2017 година, а кога ја прекина паузата изјави дека „се враќа затоа што достигнала возраст кога улогите повторно стануваат поинтересни“.
Во интервју за магазинот Town & Country, 62-годишната актерка рече: „Некои од филмовите за кои се чувствував најдобро се тие за кои добивав лоши критики. А за филмовите за кое се чувствував лошо, ги добив најдобрите критики. Го гледав „Скарфејс“ („Лице со лузна“) и си реков: Не е лошо, добрa сум. Ретко ми се допаѓа мојата работа. Само еднаш ги гледам филмовите. Едноставно е премногу болно “.