Утрински Весник
Свет

Мишел: Санкциите против Москва го покажаа единството на ЕУ

ЕУ свика итен состанок за ситуацијата во Белорусија
Dik 300x250 mk

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека санкциите на ЕУ поради постапките на Москва против Навални, покажаа дека ЕУ е обединета во одбраната на своите интереси.

Кремљ претходно го намали влијанието на санкциите наметнати од САД и Европската Унија, но рече дека ќе возврати со реципрочни мерки, објави „Ројтерс“.

„Одлучивме да примениме санкции поради случајот Навални. Тоа значи дека сме целосно посветени и обединети во Европа за да бидеме силни, многу силни со цел да ги промовираме нашите вредности, да ги браниме нашите интереси”, рече Шарл Мишел во Киев, каде што зборуваше со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети