Поранешната прва дама Мишел Обама оваа пролет ќе започне серија за готвење на „Нетфликс“ во која ќе ги охрабри децата да се хранат здраво.
Проектот е во нејзина продукција, а таа и ќе глуми глуми заедно со кукли. Серијата има за цел да ги научи децата на радостите на домашната кујна – да уживаат во здрава храна подготвена дома, а не во готови јадења.
Госпоѓа Обама ќе игра сопственик на супермаркет наспроти „Вафлс и Мочи“, кои потекнуваат од Земјата на замрзната храна.
Во серијата од 10 епизоди учествуваат две кукли, Вафл и Мочи, амбициозни готвачи и најдобри пријатели, регрутирани од локален супермаркет. Заедно – и со помош на љубезната сопственичка на супермаркетот, г-ѓа Обама – тргнуваат на кулинарско патување во кујни, ресторани, фарми и домови низ целиот свет.
Во серијата ќе има рецепти со секојдневни состојки, а јадењата ќе се готват заедно со познати готвачи, домашни готвачи, деца и селебрити-личности.
Поранешната прва дама на САД ја опиша серијата, со наслов Waffles + Mochi како „урнебесна и едноставно магична претстава“.
Серијата ќе почне да се прикажува следниот месец. Таа и сопругот Барак се меѓу извршните продуценти.
Во 2018 година, двојката потпиша договор за продукција на серии и филмови за „Нетфликс“. Резултат на оваа соработка е документарецот Becoming (2020), кој се базира на нејзината најпродавана автобиографија.