Утрински Весник
Македонија

Мишел: Ги поддржуваме сите напори да се најде решение за прашањето со Бугарија

Војната во Украина отвори ново поглавје во европската историја и го стави проширувањето на ЕУ во преден план, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид.

Според него почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да се случи што е можно поскоро.

„Ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија. Јас сум навистина вклучен со Франција и ЕУ да помогнеме да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу брзо“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.

Вели дека не е сигурен што ќе се случи состонокот на Европскиот совет, но ќе направат се со цел да бидат преземени одлучувачки чекори.

Во врска со предлогот за создавање на „европската политичка заедница“, Мишел појасни дека не станува збор за алтернатива за проширувањето за земјите-членки туку за процес што ќе овозможи продлабочување на соработката.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено