Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Мицотакис: ЕУ мора да воведе санкции против Турција, ако не го повлече бродот

Мицотакис: ЕУ мора да воведе санкции против Турција, ако не го повлече бродот
Img 7972

Европската Унија мора да воведе значителни санкции кон Турција, ако Анкара не ја повлече својата инфраструктура од спорниот дел на источен Медитеран, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Во една статија објавена во „Лондон тајмс“, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и „Ле Монд“, тој посочи дека е потребен дијалог, но, како што истакна, не со вперен пиштол.

„Она што ја загрозува безбедноста и стабилноста на мојата земја се заканува на благосостојбата на сите членки на ЕУ“, напиша Мицотакис и додаде дека ако Европа сака да покаже геополитичка сила, не може да попушти пред воинствената Турција, пренесува „Ројтерс“.

Грција и Турција се расправаат околу морската граница и изворите на енергија во областа, а Турција испрати истражувачки бродови во делот на морето што го присвојуваат двете земји.

Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за кршење на меѓународното поморско право.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови