Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на сите политичари, ќе почнеме од мојот па се до последниот

(Видео) Мицкоски: Во градовите нема со кого здраво да се направи, да си ги вратиме децата дома со силна економија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија.

„Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност, верска определба или политичка неопределба. 15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе и да го почитуваат уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен посочи Мицкоски.

„За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бодат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток . А ја велам еве почнете од мене , јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата влада соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил . дали имало нешто алашвериш . Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното“, појасни Мицкоски.

Мицкоски кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со своите експерти и во соработка со граѓаните и нивните идеи има програма кога нуди 1.000 проекти кои ветуваат 25 % просечни плати, 20 % поголеми пензии во еден мандат, 640 милиони субвенции за земјоделците, унапредено образование со најмалку еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа, најнизок данок од 8 % , 1.000 км нови патишта и т.н. Мицкоски увери дека во обновата има политики и проекти буквално за секој граѓанин.

Текстот Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на сите политичари, ќе почнеме од мојот па се до последниот е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје