Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе го заштитиме националното достоинство

Мицкоски: Ќе го заштитиме националното достоинство

Ресен, 25 јуни 2020 (МИА) – Се обврзуваме на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост и секој кој што го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот собир во Ресен.

Лидерот на опозицијата, Мицкоски пред ресенчани посочи дека после 15 јули,  ВМРО-ДПМНЕ најпрво економски ќе ја обнови државата, за како што рече нашите сограѓани да станат горди и богати, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

-Се обврзуваме на минимум 640 милиони евра поддршка за земјоделците во субвенции и редовен и навремен откуп. Да не се случува тоа што се случуваше тука луѓето со пила да ги сечат крошните на јаболкниците, да немаме  незадоволни лозари, да не ни се случува праската и кајсијата да завршуваат во коритата на реките, доматите, краставиците пиперките од југоистокот да завршуваат необрани на нивите. Се обврзуваме на редовна исплата на минимум 640 милиони евра во еден мандат и планиран и загарантиран откуп за земјоделските производи, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вети дека таму каде што има и најмала индиција за сторен криминал правдата најпрвин ќе затропа кај тие што го сториле тој криминал.

-Сега е моментот, на 15 јули сите заедно  масовно да излеземе горди достоинствени уште рано наутро и да ја поддржиме листата предводена од маестро Дурловски, да ја поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија“, да го заокружиме бројот 14, повика Мицкоски. мт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?