Утрински Весник
Македонија

Мицкоски телефонски разговарал со Палмер

Мицкоски телефонски разговарал со Палмер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер при што разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети.

Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности.

Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Воедно беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.

Во разговорот од страна на Мицкоски беше посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Можете да прочитате

Екстремно топло време до вторник, потоа драстичен пад на температурите

Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна