Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи криминалот и корупцијата

Мицкоски: Соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи криминалот и корупцијата
300x250 opst2

Соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи криминалот и корупцијата на коалицијата СДСМ-ДУИ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Велес.

Одговарајќи на новинарско прашање за договорената опозициска соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива истакна дека тоа е коалицијата која ќе ги неспособноста и криминалот, односно коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Тој вели дека од оваа соработка се очекува да бидат поразени политиките на корупција, безидејност, но и безнадежноста и апатијата до кои, како што рече, доведе актуелната власт, која, според него, нема никаква стратегија и визија.

„Очекувам конечно оваа коалиција да победи ја победи неспособноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, безнадежноста, апатијата, немањето никаква стратегија, немањето визија за развојот на Македонија, односно да ја победи коалицијата СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Цигарите поскапеа за 10 денари по кутија

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Малолетник од Скопје се обидел да го убие својот татко