Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук

Мицкоски се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски, остварија средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

На средбата Мицкоски го информираше Ќучук за актуелните внатрешни политички случување во Македонија.

„Претседателот Мицкоски посебно се осврна на слабостите кои се идентификувани со распространетата корупција, злоупотребата на институциите и слабите резултати од областа на здравството и економијата во овој кризен период, како и ја истакна загриженоста што владата ги нарушува идентитетските прашања што се последната црвена линија за заштита на националните и државни интереси.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ останува стратешки посветена на евро-интеграциски процес на Македонија со очекување дека секој понатамошен чекор е во насока на отварање на пристапни преговори кој ќе бидат на принципиелна основа и со почитување на меѓународното право и основачките договори на Европската Унија“, соопшти партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вчера во Струга изречени 57 казни, одземено и едно возило

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана