Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се излекува од коронавирусот

Мицкоски се излекува од коронавирусот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се излекува од коронавирусот. Тој објави дека од денеска се враќа на работа.

„Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство“, напиша Мицкоски.

Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, March 22, 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до сите да се чуваат себе и своите најблиски.

„Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите. Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада, уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе. П.С. Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!“, напиша Мицкоски.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија