Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, честит месец Рамазан

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи

 

23 февруари

Почитувани верници од исламска вероисповед,

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам месецот на Рамазан.

Рамазан за сите припадници од муслиманска верници  претставува радост, љубов, мир, верност но и претставува поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите како и луѓето со добра волја.

Почитувањето на верските разлики и градењето на заеднички дијалог е од значаен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на Република Македонија. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да  изградиме успешна држава  и просперитетна  иднина за нас и нашите идни генерации.

Периодот се соочуваме со предизвикот од корона вирусот, а државата со најсериозната економска криза досега. Имаме разрушување на стопанството, уништени бизниси, затворени работни места.  И да не заборавиме на луѓето од првата борбена линија кои неуморно се борат против вирусот и даваат напор за ова полесно да се надмине.

Посакувам работите да се подобрат, да се променат, нешто за што заедно ќе се избориме.

Затоа во овие тешки моменти потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи за да можеме да се посветиме на создавање праведна и  почитувана држава Република Македонија.

Нека  овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба  кои ќе ве следат целиот живот,  Вас и вашите семејства.


Христијан Мицкоски,
претседател на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт