Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Разочаран сум што власта донесувањето на телата на 45 починати ја проследија како некаков спектакл

Мицкоски: Разочаран сум што власта донесувањето на телата на 45 починати ја проследија како некаков спектакл
300x250 opst2

Добив многу пораки на згрозување од страна на граѓани кои со неверување ја проследија најавата од официјални лица од владата, небаре станува збор за некаков спектакл. Навистина сум разочаран од тоа што велеа дека ја слушнале пораката од граѓаните, но тие се уште се во политичката кал, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп коментирајќи го пристигнувањето на телата на жртвите од несреќата во Бугарија.

Според него не требало да се дозволи тоа, ниту луѓето кои се виновни што не се почитуваат правилата, се уште да одлучуваат.

„Прашањето е како дозволивме како општество, држава покрај тоа што ни се случи во модуларната болница во Тетово и 14 луѓе живи да горат, а сега да се случи ова во катастрофа да загинат 45 лица и како е дозволено толку пати да ја мине границата тој автобус, и како некој толерира да нема ниту морална одговорност. Затоа се потребни нови луѓе кои ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку и ќе го засилат“, кажа Мицкоски.

Зачуден сум, додаде тој, што на овој настан му се даде димензија каква што не треба и што тие луѓе се таму каде што се и одлучуваат, наместо да заминат од власта и функциите, додаде тој.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат