Утрински Весник
Македонија

Мицкоски по гласањето: Меѓу граѓаните може да се забележи дека се подготвени за голема промена

Мицкоски по гласањето: Меѓу граѓаните може да се забележи дека се подготвени за голема промена

Денес е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на избирачките места и од она кое што можеме да го забележиме, она кое што се коментира помеѓу граѓаните, е дека се подготвени за една голема промена која што ќе се случи токму денеска, рече лидертот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава даден во општина Карпош, по остварување на гласачкото право.

„Сакам да истакнам дека сето она кое што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности ќе остават сериозна трага која што практично ќе биде еден вид флека на овој изборен процес. На секој оној кој што има било каква дилема да му слугува на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ во нерегуларностите му порачувам дека ќе сноси кривична одговорност и за тоа од утре посебно ќе се внимава како измина денот, но и какви беа изминатите денови“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека неговата партија и коалицијата се надеваат на поголема излезност, за да може, како што рече, да бидат оневозможени очајните обиди да се изигра волјата на граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините