Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Потребно е одлагање на изборите со цел заштита на здравјето на граѓаните

Мицкоски: Потребно е одлагање на изборите со цел заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот официјален Fејсбук профил вели дека денеска ќе побара свикување лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор за одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните.

– Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо, пишува Мицкоски на Fејсбук.

Тој смета дека одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани под директен ризик за нивното здравје и ширење на коронавирусот и оти би значеле отворање нови жаришта со коронавирус.

– Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот, пишува Мицкоски.

Сите препораки на релевантните домашни и светски организации, вели тој, се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности.

– Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор, додава Мицкоски. мс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско