Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги поддржува матурантите и наставниот кадар, бидејќи како што вели тој тие се во право и ги повика сите пратеници да го поддржат законот бидејќи на тој начин ќе се надминат сите недоразбирања.
„ Очекувам сите политички партии во рамките на парламентот да ги поддржат матурантите, бидејќи матурантите се во право. Можеби на јавноста не и е јасно, но сакам еве и јас од името на професорите, не од името на политичарите, да ги поддржам матурантите, да го поддржам и наставно образовниот кадар во основните и средните училишта, кој што негодува практично на т.н реформи кои што се прават во оваа зграда, во една канцеларија од каде што претпоставувам сега не гледа од високо, која што поима нема, абер нема што е образование, ниту пак реформи во образованието. Ги поддржувам сите нив во нивните намери, затоа што и матурантите и наставно образовниот кадар се во право. И ги повикувам пратениците во парламентот да го поддржат законот на опозицијата кој што беше поднесен, затоа што на тој начин ќе бидат надминати сите недоразбирања“, посочи Мицкоски.
Тој обвини дека комплетно неспособни луѓе се занимаваат со работа која не ја владеат.
„ Единствено нешто што знаат е во услови кога имаме руинирани училишта, кога имаме искршени прозорци, руинирани тоалети, невозможни услови за следење на настава, да потрошат 25 милиони евра заем кој што допрва ќе го земат од една од меѓународните институции за обуки и за криминал. Тоа е единственото нешто што оваа министерка која се наоѓа на еден од спратовите на оваа зграда зад мене, го нуди на учениците и на образовниот кадар“ обвини Мицкоски.