Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Подготвени сме да преговараме со ДУИ, но не прифаќаме премиер Албанец

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчеравечер по изборниот ден не и се обрати на јавноста и денес за првпат ги коментира резултатите, рече дека СДСМ добиле повеќе гласови како резултат на поткуп и притисоци кои ги правеле.

Тој посочи дека е подготвен да преговара со ДУИ, но нема да прифати премиер Албанец.

„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина. Ова е резултат постигнат во тешки околности, силни притисоци и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК не работи, а добиваме податоци дека сомнително се броени гласовите. Сето ова ми дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. Јас сум оптимист бидејќи постапуваме чесно и одговорно. Ова е тешка битка и со вас, граѓаните, ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила, ова е земја на народот. Притисокот и масовниот поткуп резултираше со 10 илјади гласови повеќе за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за состав на новата Влада. Преговорите допрва ќе почнат. Јас под услови не работам. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има помалку 10.000 гласови од коалицијата СДСМ и БЕСА“, рече Мицкоски.

На прашање дали е можна коалиција за СДСМ и Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека нема намера да коалицира со луѓе кои се осомничени за криминал, но не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

„Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме пост изборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот“, додаде Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе поднесат преговори до ДИК за изборите, но не кажа колку и на што ќе се однесуваат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара