Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски повика на протест од Обвинителството до Врховниот суд

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен закон за јавно обвинителство
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика утре на протест членовите на партијата и сите граѓани, кој ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд.

Мицкоски побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчера објавената аудио снимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

Според Мицкоски, Заев јавно ја признал автентичноста на аудио снимката.

-Суштински аудио материјалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и дека таа негова стратегија ја знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа и трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или „трас – трас“ одлука на Врховен суд. Значи, освен премиер бил и судија и обвинител, рече Мицкоски на прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државното Обвинителство за сето ова молчи, како и сите други надлежни. ев/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени