Утрински Весник
Македонија

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за одблокирање на патот кон ЕУ

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за одблокирање на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

„ Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“ , подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тие разговарале и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од КОВИД 19 пандемијата.

„ Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес. Мицкоски посочи дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство