Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски денеска на прес-конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него економската криза ќе се продлабочи.
Според него, оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.
– Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.
Пакетот мерки, според него, е огромно разочарување за граѓаните и бизнисот, по вторпат.
– Не викам дека нема поединечни мерки кои не се добри, и нема да помогнат. Но ви викам, ви тврдам дека целиот пакет за помош не е вистински и не е доволна помош која му треба на стопанството и граѓаните, рече Мицкоски посочувајќи на пакетот што го нудат Србија и Словенија.
Тој анализираше дел од мерките на Владата, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.
Во однос на првата и суштинска мерка за најпогодените компании од пандемијата и од економската криза да се субвенционира по 14.500 денари за трошоци за ликвидност што компаниите би ги користеле во април и мај, за Мицкоски е чудно што не се споменува март, бидејќи вонредната состојба и сите оние компании што се погодени и што го затворија бизнисот се жртви на пандемијата и ги чувствуваат последиците уште од март, а вработените во тие компании треба да добијат плата за месец март која што би се исплатила во април. Тој смета дека многу малку компании ќе можат да ја искористат оваа поволност.
– Затоа ова мерка не само што нема да помогне во справување со кризата на бизнисите, туку дополнително ќе ја отежни работата на компаниите, бидејќи практично државата ги остава сами на себе, сопствениците на бизниси два месеци, почнувајќи од 15 март до 15 мај да се снајдуваат како знаат и умеат за да бизнисите опстанат и да ги задржат вработените во тие бизниси, рече Мицкоски.
Според лидерот на опозицијата, компаниите нема да можат да ја искористат оваа поддршка доколку вработените во април имаат нула ефективни работни часови.
– Она кое што, исто така, ме загрижува е што пандемијата може да потрае и во месец мај. И вонредната состојба да биде продолжена и во месец мај. И повторно вработените во овие компании во месец мај да остварат нула ефективни часови што значи дека компаниите и за месец мај ќе не можат да ги користат овие 14.500 денари или да поедноставиме поради вонредната состојба вработените во компаниите не остваруваат ефективни работни часови што значи дека како што е уредбата овде напишана, како што е член 3 став 1 тие компании ќе не може да ги користат ниту овие скромни 14.500 денари, рече Мицкоски.
Исто така, Мицкоски вели и дека ако компаниите исплатиле бонуси, надоместоци и дивиденда не можат да ги користат овие средства за ликвидност и за поддршка на работењето на тие компании.
Според Мицкоски, сите оние компании кои што веќе се корисници на мерките преку Агенцијата за вработување нема да можат да ги користат овие 14.500 денари и дека оние компании, кои што ќе остварат позитивна финансиска година ќе треба истите средства да ги врата започнувајќи од април 2021 во следните три месеци април, мај и јуни.
– Оваа поддршка од 14.500 денари ве обврзува истото тоа да го направите и во месеците март да исплатите плата, да исплатите за месеците јуни, јули, август и септември за сите вработени кои што поради мерките на владата и онака не можат ефективно да работат и да ги посетуваат своите работните места, рече Мицкоски.
Ова, како што кажа, не се мерки за поддршка во стопанството, туку мерки што треба да создадат привид дека некој работел и дека некој смислил мерки за поддршка во стопанството.
Најави дека во деновите што следат ВМРО-ДПМНЕ до Владата ќе достави уредби со сила на закон за мерките кои што ги предлага и ќе побара да се отвори дебата на самата седница за да може нивниот претставник да ги брани овие мерки.
– Првата мерка која што ќе ја доставиме е да бидат покриени до 50 проценти од трошоците по основ на бруто плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. И тоа не само за месеците мај и април кој што ќе бидат исплатени во мај и во јуни, туку тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки, рече Мицкоски.
Втората мерка е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата што во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеци јануари и февруари една и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари.
– Веднаш да се организира состанок кој ќе го води премиерот на Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министерката за финансии, претставници на највисокото ниво на македонските банки, финансиски институции, гувернерот на кој што ќе се разговара за мек трансфер на средства од благајнички записи во државни хартии од вредност. Да може Народната банка најпрво да ја намали каматната стапка од 1.75 на 1.5 или 1.25 да станат помалку тие атрактивни на сметка на тоа да бидат запишувани државни хартии од вредност преку Министерството за финансии, што можат доколку постои доверба кај банкарските и финансиски институции да бидат насочени за поддршка на бизнисот, поддршка на буџетот и конечно за поддршка на граѓаните во процесот за справување со пандемијата на корона вирусот, бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Предлага, како што вели, робустна, агресивна акција за испорачување на капиталните инвестиции, замрзнување на ануитетите во банките на граѓаните и правните лица, намалување на трошоците во буџетот.
– Ги поздравуваме сите оние намалувања на трошоците во буџетот како што се намалување на платата на избраните и именуваните функционери на минималец од 14.500 денари за месеците април и мај. Го поздравуваме укинувањето на додатокот на членовите на совети, на членовите на надзорни одбори на членовите на управни одбори се додека кризата не заврши. Но истовремено апелираме за намалување и целосна пренамена на средствата кои што се користат за партиски вработувања од времен карактер, за репрезентации, трошоци со договорни услуги, рече Мицкоски.
На прес-конференцијата лидерот на опозицијата рече дека денеска имало аукција на државни хартии од вредност и оти кај банките не постоел толква интерес колку што бил даден како понуда од страна на Министерството за финансии.
– Едните со рочност 12 месеци другите од 15 години, едните биле една милјарда денари дугите биле 100 милиони денари. За жал, не постоел интерес кај банките онолкав колку што бил даден како понуда од страна на министерството за финансии, односно за овие од една милјарда денари недостасувале некаде од прилика околу 150 милиони, 850 милиони се понудени што значи два и пол милиони евра помалку интерес од она што било понудено, а за овие другиве од 15 години кои биле во вкупна маса од сто милиони денари понудени од страна на пазарот стигнала понуда за 43 милиони некаде 57 милиони денари помалку. Или вкупно од една една милјаради и сто колку биле понудени неодстасуваат некаде околу 207 милиони денари односно побарувачката била за 207 милиони денари помала од понудата, рече Мицкоски.
Аукцијата, според него, не била успешна.
Не сакам да верувам, додаде тој, дека банките не веруваат во институциите и од тие прични на денешната прес-конференција побарал веднаш организирање состанок на највисоко ниво што треба да значи манифестирање лидерство и сигурност. ев/сп/
Прес конференција
Прес конференција 31.03.2020
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 31 март 2020