Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски денеска на прес-конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи.
Според него, оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.
– Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.
Тој анализираше дел од мерките на Владат, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.
На прес-конференцијата тој презентираше дел од овие мерки што ќе ги достават до Владата. ев/сп/
Прес конференција
Прес конференција 31.03.2020
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 31 март 2020