Утрински Весник
Македонија

Мицкоски – Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!