Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Чешиново-Облешево: На 15-ти јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ

Мицкоски од Чешиново-Облешево: На 15-ти јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со носителот во третата изборна единица Игор Јанушев ја посетија општината Чешиново – Облешево, од каде порача дека на 15-ти јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ.

–  Потребно е на 15-ти јули да излеземе масовно, да се заштитиме најпрвин себеси, да ги заштитиме и тие кои што ќе дојдат со нас. Да излеземе масовно и гласно да зборуваме позади параванот. Да го заокружиме бројот 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев, носителот на листата на победничката коалиција. Тоа е последната битка која не чека, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека поради ветувањата кои не ги исполни му се ближи крајот на Зоран Заев, бидејќи, како што рече, граѓаните паметат се.

– Веќе лагите на Зоран Заев и неговите функционери не успеваат никаде. Зоран Заев треба да научи дека со народот нема играње, народот дава но и зема, порача Мицкоски од Чешиново – Облешево. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите