Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Од Словенија обезбедивме 100.000 маски и 100.000 ракавици помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека лично му се јавил на премиерот на Словенија, Јанез Јанша.
Според него, оваа помош државата ќе ја чини нула денари, притоа најавувајќи дека во следните неколку денови ќе стигне и нова помош, притоа несакајќи да каже од која земја.
Посочи дека како претседател на најголема опозициска партија се обидува да помогне на медицинските лица во државава, обидувајќи се што е можно повеќе помош да донесат.
-И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата, рече Мицкоски и додаде дека тоа нема да застане тука, бидејќи тоа е само првата пратка.
Рече дека транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари и оти покрај оваа пратка ќе има и дополнителни за некоја недела.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ исто таква помош ќе пристигне од исто така од блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И додаде дека се надева тоа да се случи во понеделник.
Мицкоски не сакаше да го коментира вчерашното гостување на лидерот на СДСМ Зоран Заев во оваа емисија и дека нема да навлегува во стратегијата на Заев за пандемијата, додавајќи дека нека танцува со короната.
-Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држава и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се залудни. дма/скс/