По разговорот со бизнисмените и преставниците на Регионалната Стопанска комора во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на условите за стопансисување во овој град, за кои како што рече, се тешки првенствено поради пандемијата од Ковид-19 но и од условите кои според Мицкоски ги поставила локалната и централната власт.
„Од она кое што можев да го слушнам од бизнисмените, од овде во Прилеп навистина условите за стопанисување се тешки и покрај ковид пандемијата која што ги направи условите тешки, би рекол и самата локална администрација и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки. Се борат за секое едно работно место, овие луѓе јас тоа го повторувам често пати се навистина јунаци да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работата на подобрување на условите за работа и условите за живеење на вработените во овие претпријатија. Така што еве на крај мојата порака е, дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и на прилепчани“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.