Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Никаков одговор од власта за последната изјава на Захариева

Мицкоски: Никаков одговор од власта за последната изјава на Захариева
Dik 300x250 mk

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини власта дека нема одговор на острата реторика на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која порача дека Бугарија ќе и` стави вето на нашата држава доколку не ги признаеме бугарските корени на нашиот јазик и идентитет.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1707046156137503

„ Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени.

Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.

Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!“ напиша Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре