Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Рот: Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори

Мицкоски на средба со Рот: Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата Мицкоски го запознал Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта.

Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина, стои во писменото соопштение.

Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема пари за плати има само за тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи

Намалена видливост на Стража и патот Тетово – Попова Шапка