Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски на средба со Орбан: Барам датум за преговори, ветувам сериозен план за реформи по изборите

Мицкоски на средба со Орбан: Барам датум за преговори, ветувам сериозен план за реформи по изборите

Скопје, 9 март 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денес (09.03.2020 година) во Будимпешта остварија средба со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија Фидеш Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го информираше Унгарскиот премиер за загрижувачката економска и политичка состојба, како и високиот степен на криминализираност на општеството која поминува неказнето и со отсуство на волја на македонската Влада да влезе во отворена битка против корупцијата. Воедно, Мицкоски на средбата посочи дека нема друг таков пример каков што е случајот со Заев каде премиерот се фали со остварено влијание и диктирањето на одлуки на Врховниот суд и обвинителството и без притоа да има било каков правен епилог, ниту разрешница за ваквиот скандал.

Со оглед на фактот што актуелниот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархелиј доаѓа токму од партијата на Орбан, главна тема на разговорот беше инсистирањето и лобирањето на Мицкоски Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

-“Граѓаните и државата не смеат да бидат заложници на погрешните и погубни политики на Зоран Заев и неговата влада, нема повеќе време за губење и е потребно да се даде датум за преговори, при што ВМРО-ДПМНЕ гарантира сериозен план по изборите за имплементација на мерки и реформи кои државата ќе ја стават на брза трака на патот кон Европската Унија, а воедно ќе се надополни изгубеното време”, посочи на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски побара од Орбан како член на Европскиот Совет да се заложи во убедувањето на другите шефови на влади на земјите членки на Унијата да и овозможат на Македонија датум за отпочнување на преговори. На средбата Мицкоски истакна дека сега лобира за датум за преговори, а по датумот ветува силен капацитет на спроведување на реформи кои ќе ја остварат европската перспектива на државата.

На средбата Мицкоски ја пренесе и загриженоста поради сериозниот атак кој го прави власта врз слободата на медиуми и ја органичува слободата на говор и спротивно мислење. Пресметката со неистомислениците говори за нискиот степен на демократски капацитет и стравот кај власта од престојниот пораз на изборите.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за градење на мостови на соработка со Република Унгарија, со сите држави во Европската Унија и пошироко со цел остварување на заедничките државни и национални интереси.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на еднодневната посета на Унгарија чија единствена агенда беше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан изрази подготвеност за продлабочена соработка и развој на меѓусебните односи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт