Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со новиот директор на ИРИ ја нагласил потребата од предвремени избори

Мицкоски на средба со новиот директор на ИРИ ја нагласил потребата од предвремени избори
Dik 300x250 mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Стефан Андоновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска остварија средба со новиот директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) за Република Македонија, Крис Бренан.

Мицкоски му посакал добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.

„На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување на брзи предвремени парламентарни избори.

Од страна на Мицкоски беше укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и Димитар Ковачевски кој нема легитимитет од страна на граѓаните, потенцијална е и политичка криза која негативно ќе влијае врз граѓаните, но и врз државата“, се наведува во партиското соопштение за средбата.

Мицкоски порачал дека е потребно одржување на предвремени парламентарни избори со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.

Соговорниците, воедно, се согласиле на понатамошна соработка и продлабочување на односите.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи