Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со директорот на ИРИ: Власта целосно потфрли со пандемијата и заглави во криминал

Мицкоски на средба со директорот на ИРИ: Власта целосно потфрли со пандемијата и заглави во криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски и членот на ИК, Стефан Андоновски денеска остварија средба со Овен Паун – директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија.

Како што информираат од партијата, на средбата Мицкоски потенцирал дека власта потфрлила да ги заштити граѓаните и навреме да обезбеди вакцини против Ковид-19.

„Поради тоа заостануваме позади Европа и регионот, аМакедонија често се наоѓа често во врвот на земји со најмногу починати на листите на милион или 100.000 жители“, посочил Мивскоски.

Во однос на политичката ситуација, лидерот на партијата рекол дека власта со бројните коруптивни афери ја нарушила довербата кај меѓународната заедница.

„За коруптивноста на власта и инволвираноста во криминали доказ се последните случува со заплена на дрога и коруптивни афери во кои осомничени се владини функционери и лица блиски до власта“, кажал Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи и дека власта катастрофално се справува со економската ситуација, а како резултат на тоа 60.000 граѓани веќе се останати без работа, а десетици илјади бизниси се затворени бидејќи мерките кои се носат се недоволни да одговорат на реалните потреби на граѓаните и стопанството.

На средбата се дискутирало и за соработката помеѓу ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ, при што било нагласено дека во иднина се планира проширување на соработката во подготовка на програмата и работата пред следните избори.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа