Утрински Весник
Македонија

Мицкоски најави анализа за тоа како и со што ВМРО-ДПМНЕ го разочарала народот

Мицкоски најави анализа за тоа како и со што ВМРО-ДПМНЕ го разочарала народот

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека лично ќе се заложи за да се направи анализа во кој дел е разочаран народот од оваа партија и најави дека доколку имало пропусти ќе се заложи партијата да ги корегира своите грешки.

„Во право сте кога велите дека народот е разочаран од страна на политичарите, тоа веќе го зборуваав во кампањата. Треба сите да извлечеме поука да не го разочаруваме народот. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе направам сериозна и детална анализа во кои делови лично, но и како ВМРО-ДПМНЕ сме го разочарале народот. Ќе се корегираме и ќе видиме како понатаму ќе се одбиваат настаните. Партиските тела ќе заседаваат во периодот што следи, јавноста ќе биде информирана со одлуките на партиските тела“, рече Мицкоски.

Додаде дека сепак е задоволен од изборниот резултат во услови, како што кажа, на валкана кампања при што власта се служела со манипулации и поткуп на глсачи. Тој порача дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ е победник, но не не ги откри можностите и плановите со кој оваа партија би можела да ја состави новата Влада.

„Оваа беа избори во кои брутално се злоупотеби власта. Се делеа картички, се потрошија милиони за поткуп, преку државните инститиции. Да не зборуваме за она што се одвиваше на терен, се вршеше агитација и притисоци врз граѓаните. Имаме 50 пријави за поткуп, имаме вмешани градоначалници но, и покрај тоа што го направија ако ги земеме овие 4 пратеници на БЕСА се покажа дека власта има 2 пратеника помалку од колаицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Покажавме и докажавме дека сме најголемата партија до сега, а што ќе се случува понатаму ќе видиме. Има многу математики, многу можности, да почекаме времето да покаже, кое некогаш и само дава одговор на овие прашања. Но она што е важно е дека најголемиот кредибилет за нова влада го има ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мицкоски.

Во однос на коалцирањето со ДУИ и дали ќе се почитува принципот победник со победник, тој рече дека овој принцип бил прекршен уште во 2017 година кога ВМРО-ДПМНЕ победила на изборите, но не кажа каков е неговиот став во однос на избор на коалицискиот партнер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер