Утрински Весник
Македонија

Мицкоски направи селфи со Орбан и му ја честита победата

Мицкоски направи селфи со Орбан и му ја честита победата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се фотографираше со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по победата на изборите во Унгарија.

Мицкоски кој изборниот ден го помина во штабот на Орбан, синоќа по полноќ, јавно му ја честита победата на социјалните мрежи.

„Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петтиот премиерски мандат, четврти по ред“, напиша Мицкоски споделувајќи ја фотографијата.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ му ја честита и победата на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучиќ. Македонија има пријатели!“, напиша Мицкоски.

По објавата на Мицкоски дека заминал за Унгарија да го поддржи Орбан на изборите, владејчакиот СДСМ реагираше дека тој е таму за да се сретне со експремиерот во бегство, Никола Груевски.

Можете да прочитате

ВРЕДИ се пофали дека Владата дала 50 милиони евра за општините со албанско мнозинство

Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка, вели евроамбасадорот Рокас

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни