Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Кој му се заканувал на сведокот од тетовската болница, кој сведочи дека му барале мито?

Мицкоски: Кој му се заканувал на сведокот од тетовската болница, кој сведочи дека му барале мито?

Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче, се барале пари за нега на пациент, на Фејсбук напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.

Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?

За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.

Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“ напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра 

Денес понеделник 1 декември почнува климатолошка зима, нема да има врнежи