Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Колку пониско удира власта, ние повисоко се креваме

Мицкоски: Колку пониско удира власта, ние повисоко се креваме
300x250 opst2

Не сакам да коментирам луѓе кои што се заглавени во едно политичко мочуриште, тоа е очекувано од структурата која што е во заминување. Тие нека продолжат да удираат ниско, колку пониско тие удираат, ние толку повисоко ќе се креваме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на црната кампања од страна на СДСМ, односно обвинувањата за бугарско државјанство на Арсовска.

Мицкоски посочи дека нема ниту едно поле каде што може да се издвои еден успех од страна на владата на СДСМ и ДУИ, потенцирајќи дека додека тие се заглавени во минатото, продолжуваат да тонат во политичкото мочуриште.

„Јас не очекувам, повторно ќе кажам, нешто поинакво од Зоран Заев, СДСМ или ДУИ. Фактот е дека владата на СДСМ и ДУИ ја направи Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ направи Македонија да биде трета во светот според смртноста од ковид -пандемијата и наместо да бараат вакцини за да се имунизира населението, тие одеа бараа и трчаа по провизии. Факт е дека владата на СДСМ и ДУИ практично ја турна на дното Македонија според економијата во регионот па и во Европа. Факт е дека е презадолжена, факт е дека единствено што направија е распродажбата на националниот идентитет, факт е дека во образованието и реформите кои што ги спроведоа немаме ниту еден Универзитет во првите 100 на Шангајската листа и уште многу, многу порази кои што ги направија“, додаде тој.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија 

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

Андоновска: ЈО и Љупчо Коцевски да кажат дали ја истражиле и каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс