Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Кога СДСМ и ДУИ одбија Гаши да биде премиер, ја открив нивната калкулантска игра

Мицкоски: Кога СДСМ и ДУИ одбија Гаши да биде премиер, ја открив нивната калкулантска игра
Dik 300x250 mk

СДСМ и ДУИ не водат сметка и не се грижат за интересите на Албанците, Македонците и на останатите граѓани во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Кочани кој е неговиот став откако ДУИ и СДСМ не ја прифатија понудата Африм Гаши да биде премиер Албанец.

Мицкоски укажа дека само со еден чекор – кога понудил Гаши да биде премиер Албанец, а СДСМ и ДУИ не прифатиле, ја открил, како што кажа, нивната калкулантска игра.

„Ние само сакавме со тој чекор да покажеме дека ова претставува една обична калкулантска игра на политичари кои се во заминување. И конечно да ја затвориме таа тема на национализам и поделби, напротив како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сакам да покажам дека доаѓа втората епоха, нова иднина, иднина во која што ќе зборуваме за компетенции, а нема да ги делиме луѓето по национална, верска или политичка припадност. Тоа е заедничкиот патриотизам, тоа е втората епоха, тоа е нашата нова заедничка иднина“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски