Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Катастрофална е ситуацијата во државата, неопходни се предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Катастрофална е ситуацијата во државата, неопходни се предвремени парламентарни избори
300x250 opst2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на РЕК Битола одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што БЕГ бара зголемување на цената на парното за 300 проценти истакна дека за целата оваа катастрофална ситуација во државата ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе се случи и токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори и луѓе кои што ќе знаат да ги решаваат овие проблеми.

„Зборуваме за компанијата која што снабдува 50-60 илјади домаќинства во Скопје, тоа е резултат на високата цена на гасот, кој што тие го користат за производство на топлина, односно да ги затоплуваат домовите на овие 50 -60 илјади домаќинства во градот Скопје и за тоа зборувавме и за тоа предупредувавме дека ќе се случи, не убедуваа дека работата е под контрола, дека ситуацијата со затоплувањето во градот Скопје ја имаат под контрола, ја владеат и така натаму, но очигледно дека не е така, што може да се случи, може да останеме без затоплување на први јануари, голем дел од домаќинствата кои што користеа централно затоплување да ги уклучат греалките, да ги уклучат инверторите, да ги уклучат клима уредите, и да дојде наеднаш до енергетски шок, односно до зголемена побарувачка и потрошувачка на електричната енергија и тогаш тоа сите ќе го осетиме низ цела Македонија. За жал повторно и ова претставува една од оние авантуристички политики на оваа влада на што предупредувавме, затоа да сумирам потребни ни се предвремени парламентарни избори да дојдат луѓе кои што знаат како да ги решаваат овие проблеми без граѓаните да почувствуваат сериозни последици бидејќи состојбата во државата е катастрофална“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ