Утрински Весник
Македонија

Мицкоски истовари вода во Беровско и порача дека недостига раководење на терен

Мицкоски истовари вода во Беровско и порача дека недостига раководење на терен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Беровско, поточно селото Будинарци, на увид во ситуацијата со пожарите.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е мобилизирана, ја следи состојбата и директно од терен ќе помага на населението каде што има најголеми проблеми од пожарите, а вети и донација на основни средства за жителите на Беровско.

Во моментот пристигна и првата донација од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски заедно со граѓаните истовареше вода.

Во разговор со граѓаните кои му приоѓаа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на партијата е да помага на граѓаните, додавајќи дека состојбата со пожарите излегла од контрола, бидејќи недостига институционално раководење.

Можете да прочитате

Ново судење за „Пулс“ – исказ ќе дадат пет сведоци

Топол Антициклон од југ носи натпросечно топло време во Македонија

„Не смееш ни да се разболиш“ – Атовска за суровата реалност на военото известување