Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема да прифатиме идентитетско обезличување

Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема да прифатиме идентитетско обезличување

Идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет во Охрид.

Мицкоски нагласи дека власта одбива консензус по ова прашање, а подадената рака од опозицијата треба да биде прифатена, затоа што тоа е одговорно однесување и би било засилување на аргументите во преговорите со Бугарија.

„Одбивањето само говори тоа дека на повидок е многу поопширно решение од само промена на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија. Поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет. Што би значело газење по македонскиот идентитет. Такво идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту сега, ниту во иднина, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, нивна мобилизација и гласност на секој поединец за да не се дозволи решение со кое подоцна треба да се живее. Јасно им е дека во Парламентот немаат 80 пратеници, и единственото нешто што ќе им остане на располагање е целокупните барања опфатени со Декларацијата на бугарскиот Парламент да бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е она кое што го преговара денеска Ковачевски од името на Зоран Заев и тоа е оној заевизам, кој што ние го зборуваме кој што не исчезна, присутен е неговиот дух затоа што според политиките на Ковачевски тоа можеме да го видиме и во јавноста и во преговорите со Петков“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека партијата е за решение, но бара гаранции за многувековната историја на македонскиот народ, како посебен народ и различен од останатите словенски народи. Бара гаранции за неговата традиција, неговите обичаи, културата и македонскиот јазик. Најпосле, рече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции дека никогаш повеќе, додека не станеме полноправно членка на ЕУ, никој нема да не опструира поради субјективни причини.

Можете да прочитате

Реакција на Костадинов по исклучувањето на Струмица од проект финансиран од унгарскиот кредит

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес по тешка сообраќајна несреќа

ФАО го одбележa Светскиот ден на храната во Северна Македонија