Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ

За предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање на нова унија која ќе биде супститут на ЕУ, за кој Владата кажа дека е одлична идеја, Мицкоски одговори дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ .

Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.

„ Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои“ истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ