Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за одлагање на изборите предложил лидерска средба кај Пендаровски

Мицкоски за одлагање на изборите предложил лидерска средба кај Пендаровски
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на државата Стево Пендаровски од кого побарал лидерска средба за одложување на изборите.

Рече дека претседателот се согласил за средбата на лидерите на партиите и дека таа ќе се одржи утре.

Побарал одлагање на изборите зашто здравјето на граѓаните е најважно и дека сите политички субјекти треба да размислуваат државнички.

Според него, Владата треба да прогласи кризна состојба на целата територија на државата. Смета дека не се преземени мерки за стопанството кое дневно има огромни загуби, нема алтернатива за образованието, погодени се сектори и гранки.

Мицкоски на прес-конференцијата на отворено пред партиското седиште соопшти дека сите аргументи и потребата за одлагање на изборите ќе ги предочи на лидерската средба. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!