Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за Ковачевски: Имаме рекордна инфлација и разурнати национални позиции, а тој вели дека работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за изјавата на премиерот Ковачевски дека неговата влада направила повеќе од многу влади во минатото, рече дека да не е таа институција позади него, ќе мислел дека е првоаприлска несолена шега, но сепак, како што изјави, тој човек требало да е свесен дека застапува институција позади себе и дека е премиер на државата.

– Јас го разбирам, тие што му го водат пиарот му велат кажувај тоа да покажеш дека еве нешто правиш и работиш, но еве повторно еден совет ќе му дадам – тоа не го чувствуваат граѓаните и сето она што го кажуваат а не го чувствуваат граѓаните, тогаш во нивните очи вие излегувате манипулант и лажго. Е сега, доколку тоа му е целта на него и на тие кои му го водат ПР-настапот, да изгледа во очите на граѓаните манипулант и лажго, тогаш тоа е точна, добра и правилна изјава. Но, доколку сака навистина да биде реален тогаш е добро да каже дека имаме рекордна инфлација, дека сме на дното според странските инвестиции, домашните инвестиции, дека капитулиравме пред енергетската криза, во фаза сме да капитулираме и пред економската криза, дека нема перспектива, дека буквално ни се разурнати сите национални позиции, дека граѓаните живеат тешко, едвај се врзува крај со крај од први до први, дека бензините поскапеа и се рекордно високи. Така што, тоа е реалноста со која треба да излезете пред граѓаните за да може граѓаните да добијат еден вид самодоверба и чувство добро, можеби не ни се допаѓа, но барем тоа што го зборува е реално и тоа е така. А доколку давате вакви изјави, тогаш оставате впечаток на манипулант и лажго и навистина дополнително создавате едно чувство на фрустрација кај граѓаните во овие тешки моменти – рече Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Од Пиреј до пропаст, со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура

ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025) – 24info.mk

Нa граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути