Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија

Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска“.

– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април, пишува Мискоски на фејсбук. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка