Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Ромео: Поради неспобноста на власта, Република Македонија нема никаков напредок

Мицкоски до Ромео: Поради неспобноста на власта, Република Македонија нема никаков напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски имаше средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата, како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од Ковид-19, државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните, како и на бизнис-секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено, тој укажа дека власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот осиромашува.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република акедонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип