Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски до Пендаровски: Проблем е кога претседател на држава пропушта прилики за одење напред

Мицкоски до Пендаровски: Проблем е кога претседател на држава пропушта прилики за одење напред

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски му одговори на претседателот, Стево Пендаровски, кој изјави дека Мицкоски бил на средбата на која било одлучено дека на земјава не и е потребно членство во Европската економска зона (ЕЕЗ)

„Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина! Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди? Да секако! Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус? Очигледно дека не! Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата. Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера“, наведе Мицкоски во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт